Благодарение на психолошки трик, Кристина успеа драстично да ослабе: Сега е непрепознатлива и изгледа ТОП

Добивај вести на Viber

Приказните за драстично слабеење често се многу инспиративни, а таква е приказната за Кристина Картер, која имала 125 килограми.

Имено, животот на Кристина драстично се променил во 2014 година, кога решила да направи гастричен бајпас, а една година после тоа Кристина веќе изгледала одлично, но патот до такво тело не бил лесен.

Покрај тоа што хируршки ја затегнала опуштената кожа на стомакот откако ослабела и се одлучила за силиконски гради, таа морала да промени многу во себе, односно во својата психа, за да го одржи новото тело и да не се врати во претходната состојба - на дебелината, пренесува порталот PopSugar.


Преку Инстаграм, на кој ја следат голем број луѓе, таа го сподели своето животно искуство со дебелината, и подемите и падовите кои ја довеле до посакуваното тело.

Кој е клучот за промена?

На својот Инстаграм профил таа напиша дека во моментот на фотографирање „пред“ и „потоа“ подеднакво ја сакала храната, вкусот бил подеднакво добар и неодолив, но она што ја променило нејзината перцепција за тоа е тоа што почнала да размислува за што јаде.

„Претходно живеев од оброк до оброк. Буквално за време на еден оброк размислував што ќе јадам за следниот. Но, научив како да уживам во новите работи поврзани со исхраната. Сфатив дека сакам да готвам и секој ден наоѓав нови начини како да правам оброци со помалку јаглехидрати и шеќер, кои ќе бидат вкусни, но нема да ме оддалечат од целта“.

Кристина останала истата личност одвнатре, но напорната работа е одговорна за нејзината физичка и емоционална трансформација.

Таа објасни колку е важно да се најдат нови начини за ослободување од стресот и како да се чувствувате добро без прибегнување кон храна и прејадување.

„Научив на потешкиот начин дека лошата храна може да направи да се чувствувате добро во тој момент, но на крајот воопшто не прави да се чувствувате добро“, напишала Кристина.