Бојана Фабел е заслужна зошто „Јовано Јованке“ ечи насекаде низ светот: Македонка која во Сингапур држи предавања за музика

Добивај вести на Viber

Бојана Фабел е име што со гордост го носи духот на македонската музичка традиција низ светските сцени. 

Родена во Македонија, оваа извонредна вокалистка денес е призната како една од најдобрите џез музичарки во светски рамки и е меѓу најбараните вокални педагози во Сингапур.

Извор: Фејсбук 

Со богата вокална обука стекната во Лондон, Швајцарија и на Балканот, Бојана создаде уникатен музички израз што ги обединува џезот, класиката, попот и етно музиката. Нејзините интерпретации се длабоко емоционални, технички совршени и културно набиени – токму поради тоа, нејзиното име често се појавува на постерите на најзначајните светски музички фестивали.

Извор: Фејсбук 

Во нејзините настапи, Бојана со особена љубов вметнува македонски традиционални песни, давајќи им нова, современа звучна форма. Песни како „Јовано, Јованке“ и „Зајди, зајди“ оживуваат во ново светло преку нејзината интерпретација и вокална експресија, носејќи ја македонската култура до најдобрите музички сцени ширум светот.

Извор: Фејсбук

Покрај нејзиниот интернационален успех како уметничка, Фабел се истакнува и како хуманитарка. Во Сингапур, каде што моментално живее и работи, таа често организира хуманитарни концерти и музички настани чиј приход оди за поддршка на ранливи групи и поединци на кои им е најпотребна помош. Таа верува дека музиката не е само уметност, туку и алатка за промена и поддршка.

М.С.К