Болеста не се пренесува лесно, потребен е близок, продолжен контакт: Д-р Даниловски со детали, еве како да се заштитите од мајмунски сипаници

Добивај вести на Viber

По објавата дека во нашата земја се потврдени два случаи со заболени лица кои имаат мајмунски сипаници, на темата се огласи и доктор Драган Даниловски, истакнат епидемиолог. 

Тој во својот пост ппосочува што граѓаните треба да знаат за мајмунските сипаниции, и како да реагираат:

- Еве што треба да знаете:

1. Што се мајмунски сипаници?

Мајмунските сипаници се вирусна болест предизвикана од monkeypox вирусот, кој припаѓа на истото семејство како и вирусот на големите сипаници (variola vera). Симптомите обично вклучуваат:

• Треска

• Главоболка

• Болки во мускулите и грбот

• Зголемени лимфни жлезди

• Исцрпеност

• Кожен осип кој може да се појави на лицето, рацете, стапалата, гениталната област или други делови од телото

Инкубациониот период е обично од 6 до 13 дена, но може да варира од 5 до 21 ден. Болеста трае од 2 до 4 недели и во повеќето случаи се повлекува без потреба од специфичен третман. Сепак, кај лица со ослабен имунитет, деца и бремени жени, може да се развијат посериозни компликации.

2. Како се пренесува?

- Директен контакт со кожни лезии или телесни течности на заразено лице;

- Близок физички контакт, вклучувајќи сексуален однос;

- Контакт со контаминирани предмети како облека, постелнина или прибор;

- Респираторни капки при продолжен близок контакт лице в лице.

Важно: Болеста не се пренесува лесно. Потребен е близок, продолжен контакт!

3. Ризик за епидемија? МНОГУ НИЗОК. Состојбата се следи од здравствените власти.

4. Што да направите за сопствена заштита?

- Одржувајте хигиена (миење раце со сапун и вода);

- Избегнувајте близок контакт со симптоматски лица и споделување на лични предмети;

- Консултирајте лекар при сомнителен осип.

5. Информирајте се од релевантни извори – не од гласини!

Мајмунските сипаници не се нова, ниту неконтролирана закана. Ситуацијата бара информираност и претпазливост, но не и паника. За повеќе информации, посетете ја веб-страницата на Институтот за јавно здравје https://iph.mk/mk/news/index/1560?cookieS=1

Еве го неговиот пост: