Актуелно // Insta вести
Целосно изгоре вилата на топ моделот Кара Делевињ: Животот може да се смени додека трепнеш. Цени го она што го имаш“

Денеска изгоре луксузниот дворец на американската манекенка Кара Делевињ, кој се наоѓа во Лос Анџелес.
„Денес моето срце е скршено. Не можам да верувам. Животот може да се смени додека трепнеш. Цени го она што го имаш“, изјавила таа.
Од полицијата на Лос Анџелес изјавија за PageSix дека немаат сознанија за смртни случаи на животни.
„По извршениот темелен преглед на вилата, не најдовме повредени животни“, додаваат оттаму.
Дури 94 пожарникари го гаснеа пожарот повеќе од два часа, а еден од нив поради повреда е пренесен во болница.