„Во другиот свет ќе ја земеме колата и ќе се шетаме“…:Дарко Илиевски се збогуваше со татко му

Дарко Илиевски, кој со години живее во Америка заедно со својата сопруга Ивана, сподели дека засекогаш се збогувал со својот татко – човекот кој, како што вели, му бил најголем пример во животот.
„Почивај во мир, татко мој. Ти беше мојот најголем пример за сила, чесност и борба. Секогаш ќе ја паметам твојата добрина и твојата жртва за нас. Засекогаш ќе ми недостасуваш,“ напиша Дарко покрај црнобела фотографија на која е прегрнат со неговиот татко.
И Ивана, која таткото на Дарко ја прифатил како своја ќерка, се прости со искрени и трогателни зборови:
„Ме прифати како своја ќерка и секогаш беше тука со љубов и поддршка. Засекогаш ќе бидам благодарна за добрината и топлината што ми ја покажа. Во другиот свет ќе ја земеме колата и ќе се шетаме… Почивај во мир, тато“.
Нивните зборови допреа многу следбеници, кои упатија силна поддршка и сочувство до семејството.
Да им посакаме сила и мир на Дарко и Ивана во овие тешки моменти.