Актуелно // Insta вести
Марјан Коцев со најскапоцено друштво – лето во Турција со својот мал јунак
- 20 Август, 2025 10:34

Популарниот фолк-пејач Марјан Коцев ужива во летен одмор во Турција, но овојпат во едно сосема поразлично друштво – со синот Дуња.
На прекрасна фотографија од базенот во Sunis Hotels Elita Beach Resort & SPA татко и син блескаат во насмевки, а пејачот во описот испраќа нежна порака: „Поздрав до мама и дада“.
Топлото семејно издание веднаш ги освои симпатиите на фановите – доказ дека најубавите моменти понекогаш се токму оние поминати во тивко семејно уживање, далеку од бина и рефлектори.
ФОТО: Инстаграм принтскрин