Дали е ова девојката на Шајло Џоли? По гласините дека е транс личност, ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит повторно е мета на озборувања

Ќерката на поранешниот пар не сака да биде славна личност, но не може да ги избегне папараците или гласините, а еден од нив деновиве е погласен од било кога...
Шајло Џоли, ќерката на холивудските актери Анџелина Џоли и Бред Пит, на почетокот на неделава го прослави својот 19-ти роденден, а папараците деновиве ја следеа за да дознаат како го прославила.
Така беше откриено дека на роденден отишла на шопинг со сестра си Вивиен, која ја изненадила со посетата на студиото за танц каде Шајло тренира со години.
Тогаш Вивиен беше видена во друштво на Киони Роуз, пријателката на нејзината постара сестра, а странските медиуми шпекулираа дека таа всушност е девојка на Шајло Џоли.
Дали ќерката на Анџелина Џоли е геј?
Со оглед на тоа што децата на Анџелина Џоли не се експонираат во јавноста, папараците постојано ги следат во обид да дознаат нешто повеќе за нивните животи, а Шајло е речиси секој ден на училиште за танц со Киони.
Пред шест месеци беа фотографирани во моментот кога Киони нежно ја тргна косата од лицето на својата пријателка, а редовно ги гледаме како се кикотат и смеат.
Сепак, нема официјална потврда дека Шајло е во врска со Киони, ниту пак за долгогодишните тврдења дека ќерката на некогаш најпопуларниот пар во светот е трансродова личност.
Познато е дека таа претпочитала машка облека уште од детството и извесно време инсистирала семејството да ја нарекува Џек или Питер, но нејзината мајка ја користи заменката „таа“ кога се осврнува на Шајло и никогаш не коментирала за такви тврдења.
Која е наводната девојка на Шајло Џоли?
Киони Роуз, како и Шајло, е од Лос Анџелес и со неа тренира во танцовата школа за танцување Millennium Dance Complex таму, како и во школата за танц на студиото VAM во Сиетл.
Таа е вешта во различни стилови и видови танц, вклучувајќи класичен и современ балет, хип-хоп танц, тап...
Не е познато дали и ја планирале кариерата на Шајло како танчерка, но тоа е дефинитивно случајот со Киони - таа има агент и ја застапува агенцијата Movement Talent, а наскоро треба да се појави на фестивалот Edinburgh Fringe, најголемиот фестивал на перформанс во светот, додека минатата година настапи и во Шкотска со трупата Suitcase Dance Theatre.
Сепак, иако е на прво место, танцувањето не е сè што може Киони: таа пее, свири на тапани, слика и е одлична готвачка, пишуваат американските медиуми, а се испробала и како модел на Модната недела во Сиетл.