Дали тоа е Џулија Робертс или ВИ копија? „Pretty Woman“ ја отвора дебатата

Добивај вести на Viber

Неодамна се појави куса реклама за новиот, втор дел од филмот „Pretty woman“. Филмот Pretty Woman е снимен во 1990 година, во режија на Гери Маршал.

Главните улоги ги толкуваат Џулија Робертс како Вивијан Вард и Ричард Гир како Едвард Луис. 

Иако имал буџет од околу 14 милиони долари, филмот заработи над 460 милиони долари низ светот, станувајќи еден од најуспешните романтични филмови на сите времиња.

По емитувањето, филмот, станал еден од омилените романси на мнозинството жени ширум светот. Неговата актуелност не е запрена дури ни по 35 години откако филмот беше објавен. 

Втор дел од филмот „Pretty woman“ генериран со ВИ 

На социјалните мрежи се појави кратка реклама од највата за вториот дел од легендарниот филм, кој е целосно генериран од ВИ. 

Овој потег направен од непознат автор, целосно ги разгоре страстите на филмофилите и филмолозите кои се почесто почнаа да си го поставуваат прашањето - Што доколку во иднина, згаснат студијата, камерите, еден куп професии од режисер, сценарист, реквизитер и глумци и сето тоа се замени со една едноставна команда што ќе ја дадете на ВИ генератор?

Дали филмовите ќе бидат веродостојни, дали просечен гледач ќе може да препознае разлика дали се снимени, или генерирани со ВИ и на крајот дали филмот ќе остане магија за неговите љубители или ќе се претвори во еден комерцијален симулакрум?

Во краткиот trailer на Pretty woman кој воедно се нарекува и Second chance, главните јунаци го живеат продолжението од својата романса. Имено, тие се во среќен брак, имаат потомство и го живеат врвот на својата романса. 

Можните сценарија прозиведени со ВИ за тоа како би можел да изгледа продолжетокот на легендарниот филм, кој ги освои симпатиите пред се на женската гледачка публика, варираат од складен брачен живот за вњубената двојка, до перипетии кои реално и веродостојно го презентираат заедничкиот живот. 

Facebook

ВИ на услуга или на штета на Џулија Робертс 

Додека сите спекулираат во кој домен ќе се применува ВИ кога е во прашање филмската продукција, оние кои не се оптимистички навлечени на ВИ сметаат дека таа може да се користи како алатка за уредување на филмовите, сликите, боите, дел од монтажата, но не може целосно да го замени човечкиот фактор. 

На пример брчите на лицето на Џулија Робертс може целосно да се отстранат доколку се користи ВИ, при монтажа на сцените. Сепак, за песимистите и ова употреба е штетна бидејќи за искусното филмско око веднаш се препознаваат слоевите во кои реалниот изглед преминува во целосна фикција и доаѓа до жанровско лизгање или едноставно филмот губи на квалитет. 

Можеби во блиска иднина ВИ толку ќе напредне што воопшто нема да се забележливи интервенциите кои ги прави во филмовите, но засега дефинитивно може да се препознае дали авторот на одредени корекции е човек, програма за edit или ВИ. 

Перспективите на употреба на ВИ во филмската продукција во Македонија 

Во Македонија ВИ наоѓа употреба, но во онаа мерка до која се следат глобалните трендови. Дел од филмолозите сметаат дека ВИ треба да се даде шанса, иако последиците од широката примена во филмската индустрија засега не можат целосно да се предвидат. 

Според други филмолози, пак, ВИ не може да произведе филм како што тоа може да го направи човек и овој ентузијазам околу авторството на ВИ бргу ќе запре. 

-Сведоци сме на американската доминација на блокабстери наспроти европската каде се негува естетското и хуманото. Деновиве начув дека има обиди да се реализира македонски филм со ВИ. Искрено не знам каков ќе биде резултатот, но мислам не може да конкурира са современата кинематографија. Експанзијата на ВИ јуриша како ураган скоро на сите полиња па така се продира и во филмот, сепак можеби ќе има некоја инвентивна нитка, новина која ќе биде новост. Се разбира мислењата се поделени но да видиме како ќе се рефлектира и секако нетрпеливо чекаме да го видиме на дело новиот феномен на ВИ во филмската уметност, вели филмологот Александар Василевски за „Женски магазин“.

Статусот на кино салите 

Во минатото, киното беше место каде се среќаваа љубовните парови, се започнуваа или завршуваа многу љубовни приказни, пријателства и киното беше референца за социјализација. 

Денеска и покрај големата продукција на филмовите, кино салите се место каде што можете да јадете убави пуканки, да пиете сок, да користите интересни 3D очила ако сакате нови искуства и секако да платите скапо за влезниците. 

Излегувањето во кино, денеска многумина го гледаат како потреба, помодарство, или како шанса да се присуствува на премиерното емитување на некој филм, доколку сте љубител на филмовите. 

Но широката продукција на филмови и секако пиратскиот прстап до платформи од кои можете филмовите да ги спуштите и бесплатно да ги гледате без да треба да организирате излегување од дома и да одвоите цело богатство на тоа, влијаеше на одлуката на многумина да се преплатат на филмски платформи за поефтини пари и да го очекуваат токму таму излегувањето на новите филмови или серии. 

Првата кино сала во Македонија е отворена во Битола во 1897 година, благодарение на браќата Манаки, пионери на балканската кинематографија. Оваа сала претставувала револуционерен простор за културна размена и заедничко доживување на нови, визуелни уметности. Киното станало значајно место за социјализација, каде што граѓаните се собирале не само за забава, туку и за дискусии и споделување на идеи.

Магдалена Стојмановиќ - Константинов