„ДАЛИ УШТЕ НЕШТО МОЖЕ ДА МИ СЕ СЛУЧИ, ШТО Е СЛЕДНО?!“ Марија Микиќ по разводот отпатува во Црна Гора, а сега поминува и низ ова сама

Добивај вести на Viber

Пејачката Марја Микиќ ја шокираше јавноста со веста дека се развела од сопругот Јован Пантиќ, со кого има две деца. 

По разводот, Марја отпатува во Црна Гора каде со наследниците минува време на море, а на социјалните мрежи секојдневно споделува моменти од летувањето.

И додека медиумите активно пишуваат за крајот на нејзиниот брак, таа објави дека на плажа ја каснала пчела, покажувајќи фотографија од огромното џвало што сама го извадила од раката.

„Дали уште нешто може да ми се случи? Еве го џвалото од пчелата што ме касна. Што е следно?“ – напиша пејачката.


По подолго молчење, Марја се огласи за разводот преку емотивна објава:

„Јован и јас решивме да не бидеме повеќе заедно. Животот и приоритетите нè однесоа во различни насоки. И покрај сите обиди да го преживееме тежок период, не успеавме. Од нашата љубов произлегоа две ангелчиња. Благодарам на Господ за нив и за сè што ми беше дадено,“ напиша Марја, апелирајќи за разбирање и почит на нејзината приватност.

Извор: Kurir.rs