Даниел Данн со нов сингл: „Нон-стоп стрес“ - химна на модерниот живот

Даниел Данн денес ја претстави својата најнова песна „Нон-стоп стрес“, која веќе е достапна на сите дигитални платформи. Овој енергичен сингл првпат беше изведен пред публика пред еден месец во популарната емисија Хитмејкер, а сега добива и свое официјално видео.
Видеото е динамична комбинација од моменти од живиот настап и моќната сценска присутност на Даниел, што совршено го пренесува адреналинот и емоцијата на песната.
„Нон-стоп стрес“ е првиот сингл од најавеното ЕП „TOP“, кое наскоро ќе биде промовирано.
Преку овој сингл, Даниел отвора важна тема – како секојдневниот притисок и психолошкиот товар влијаат врз современиот човек. Музички, песната носи интересен спој на поп, денс и фанк елементи, со авторски потпис на Александар Ристовски – Принц, и ја најавува новата музичка насока на артистот.
„Сакав првата песна од ова ЕП да биде вистинска и искрена. Живееме во време на постојан стрес, а музиката е нашиот начин да се избориме со тоа и да го изразиме она што навистина го чувствуваме“, вели Даниел.