Декорација во пастелни бои и роденденска забава со омилените животни на Никола: Синот на Мими и Нуне полни 2 години

Семејството на музичкиот пар Мими и Филип Нуне, имаат голем повод за прослава.
Нивниот син Никола, наполни 2 годинки. За овој специјален ден, мама и тато подготвија роденденска забава за паметење.
Размислиле за секој детал, од декорација, торта, па дури се погрижиле и за изгледот на малиот Никола.
Семејството беше облечено во нијанси на кремава боја. Мими за овој важен ден во нејзиниот живот како мајка, одбрала кремава долг лелеав фустан, додека Филип е облечен во кремови панталони и лежерна беа маичка. Најважниот на овој ден, малиот Никола е облечен во кремав комплет со мокасинки.
Роденденската забава била тематска, со омилените животни на Никола, жирафа и Медо како маскоти, балони во пастелни бои и торта со лавче, на која дуваше свеќички со бројот два.
Фото: Инстаграм
РЖМ