Десет години сме горди на него, ја претставува Македонија секаде во светот: „Не славам само сеќавање, туку и “патување““ - Тенорот Благој Нацоски за јубилејната година во светот на операта

Тој е еден од најпознатите македонски оперски пејачи во светот. Исклучителен тенoр кој е културен амбасадор на земјата.
Благој Нацоски подолго време живее и работи во Италија. Таму создава уметност на сцена, ценет е и признат, а со неговиот глас иницира посебно доживување.
Македонскиот тенор со светка слава прославувува 10 години кариера. Дебито беше на сцената во Милано во театарот „Ла скала“.
„Пред
точно 10 години дебитирав на сцената на Театарот Ла Скала во Милано.
Емоцијата од тој момент сè уште ја носам во срцето, жива како првиот
здив зад сцената, меѓу тишината и здивот на публиката што чека.
Од тогаш, секоја нота, секој чекор и секој аплауз ме научија нешто, и сè
уште сум благодарен за секоја можност да ѝ дадам глас на мојата страст.
Благодарност до оние што веруваа во мене, што се со мене од тогаш и што
го поделија тој незаборавен момент.
Денес не славам само сеќавање, туку и “патување”“, напиша Нацоски во објавата на Инстаграм.