Докторка не можела да поверува што гледа: По 15 години откриена е тајна под косата на близначките Стејси и Трејси

Добивај вести на Viber

Трејси и Стејси се сестри близначки кои прават сè заедно. Ова вклучува и заедничка тајна - тие 15 години криеле под косата дека имаат грутки со големина на топчиња за голф, за што лекарите биле зачудени.

Тие грутки влијаат на секојдневниот живот на близначките - од начинот на кој спијат до начинот на кој ја врзуваат и стилизираат косата.

- Станувам емотивна кога сме во јавност и гледам како луѓето гледаат - објаснила Стејси.

Благодарение на охрабрувањето од нивните ќерки, близначките побарале помош од дерматологот Сандра Ли за да ги отстранат цистите. И исто како и со сè друго во нивните животи, близначките овој пат биле заедно.

- Ако докторот речеше: „Трејси, можам да ти помогнам да ги извадиш твоите, но за жал не можам да ѝ помогнам на твојата сестра Стејси“, ќе ѝ речев: „Ви благодарам многу за вашето време, но нема да го направам тоа“. Заедно сме во ова и или двете сме или ниту една од нас“, рекла Трејси.

Докторката била изненадена од не толку малите грутки што се појавиле на истата страна од главите на близнаците.

- Овие грутки технички не се генетски, но имаат тенденција да се пренесуваат во семејства, бидејќи имаме ист тип на кожа - објасниле близначките.

Докторката ги дијагностицирала овие израстоци како пиларни цисти, бенигни цисти што произлегуваат од фоликулите на косата. Сепак, имало некои разлики помеѓу нодулите кај сестрите.

- Трите грутки на Трејси се поголеми отколку што првично мислев, но се меки и подвижни, што според мене секогаш е добар знак. Стејси има постари цисти, од кои претходно протекувала нивната содржина, па веројатно има лузно ткиво, што може да го отежни и комплицира нивното отстранување - рекла д-р Ли.

За среќа, докторката била сигурна дека може да им помогне на двете сестри. Во операционата сала, д-р Ли прво ги отстранила цистите од главата на Трејси, а потоа се префрлила на Стејси. Отстранувањето воопшто не било пријатно, дури имало и прскање течност по ѕидовите на клиниката каде што била извршена операцијата.

Сепак, по процедурата, сестрите биле многу благодарни што се ослободиле од грутките.

„Не можам доволно да искажам колку сум и благодарна на докторката за отстранувањето на тие проблематични грутки“, рекла Стејси.

По неа, благодарност стигнала и од нејзината сестра близначка.

- Се срамам, луѓе што ме гледаат, не можев да ја врзам косата, сега како да симнав товар од моите рамена и повеќе не морам да се грижам за тоа - се согласила Трејси.

Фото: Nine.com.ou
Извор: Ona.telegraf.rs

Докторка не можела да поверува што гледа: По 15 години откриена е тајна под косата на близначките Стејси и Трејси