Докторот виде страшен деформитет на лицето на бебето на ултразвук и ја испрати Сара на абортус: Таа не го послуша, а сега сите се во шок кога ќе го видат нејзиниот син

Добивај вести на Viber

Иако дознала за време на редовен преглед дека бебето има сериозен деформитет, Сара не сакала ни да слушне за абортус, и денес смета дека тоа е најдобрата одлука што ја донела во животот.

 Заедно со својот сопруг, е голема поддршка на многу парови кои се соочуваат со сличен проблем.

Беа подготвени да се борат со деформитетот, каков и да е, абортус не доаѓаше предвид. Кога бебето се роди, Сара и Крис Хелер сакаа да ја споделат својата приказна со целиот свет со надеж дека ќе го променат начинот на кој луѓето гледаат на децата родени со одредени оштетувања, но и да инспирираат некого да се соочи со сличен предизвик.

Кога им соопштиле дека ќе добијат дете со деформитет, младиот пар решил да го задржи бебето без оглед на сè и покрај тоа што докторите, па дури и пријателите, им советувале абортус.

Не им беше важно што ќе изгледа поинаку и беа подготвени на секоја жртва со можните здравствени проблеми на нивното дете. Ниедна секунда не се двоумеа.

-Треба да се биде горд на своето дете без оглед на околностите. Сакавме да покажеме дека е можно да се промени она што го покажаа ултразвукот, а потоа и првите фотографии од мојот Броди. Мислевме дека луѓето треба да разберат дека може да се живее со расцепи на лицето, порача Сара Хелер, мајка на момче кое се родило со расцеп на усна и непце.

Синдромот на расцеп на усната настанува кога одредени ткива не се формираат правилно, а на ултразвук може да се забележи уште по 12-та недела од бременоста.

Ова оштетување не е само естетско – може да му отежне на бебето да јаде, пие, се смее, па дури и да дише. Сепак, проблемот во повеќето случаи успешно се решава со операција, па децата можат да имаат сосема нормален живот.

Сара и нејзиниот партнер Крис биле горди на своето момче и како повеќето родители, ги споделуваа неговите фотографии на социјалните мрежи и покрај деформитетот што го имаше. Од сите страни добиваа зборови на поддршка, но имаше и непристојни луѓе кои ги прашуваа што не е во ред со детето.

View this post on Instagram

A post shared by S A R A + B R O D Y (@saheller)


-Одлучив да ги едуцирам луѓето наместо да се расправам и напаѓам, и тоа е она што сакам и Броди да го прави кога ќе порасне. Сакам да ги образувам луѓето, да им објаснам што не знаат и да зборувам во име на децата кои сè уште немаат свој глас, истакна оваа храбра мајка.

Броди денес има 8 години и среќно детство, иако има претрпено неколку операции за да се отстранат оштетувањата.

-Кога се роди Броди, сфативме колку луѓе имале или имаат ист проблем. Ни се јавуваа од сите краеви на земјата и светот, ни рекоа дека се молат за нас и ни понудија помош, каква и да ни треба, заклучија Хелерови.

Извор: still.kurir