Домашни состојки за темелно чистење на машината за перење: Алиштата ќе ви мирисаат поубаво, а машината нема да се расипува

Добивај вести на Viber

Ако ви се случило вашите алишта да имаат непријатен, мувлосан мирис и покрај тоа што се штотуку испрани, време е да ѝ посветите внимание на самата машина за перење.

Остатоци од детергент, влага и нечистотија со текот на времето можат да создадат лоша миризба и бактерии во внатрешноста на машината.

Но, наместо скапи хемиски средства, постои еден испитан и евтин трик што го користеле домаќинките од старо време. Сè што ви треба се сода бикарбона и алкохолен оцет – производи кои веројатно веќе ги имате дома. Целиот третман чини помалку од 100 денари, а ефектот ќе ве изненади.

Како да го направите тоа?

  1. Во барабанот на машината сипете половина шолја сода бикарбона.

  2. Во преградата за детергент налејте околу 2 дл алкохолен оцет.

  3. Изберете програма со висока температура (60°C или повеќе) и пуштете ја машината празна.

Овој процес ќе ги отстрани талозите, ќе ги неутрализира бактериите и ќе ја освежи машината за перење одвнатре. Повторувајте го ова на секои 4-6 недели, особено ако често перете со пониски температури.

Зошто ова функционира?

  • Содата бикарбона ги неутрализира миризбите и делува како благ абразив.

  • Оцетот делува антибактериски и го раствара каменецот и масните наслаги.

Оваа комбинација е природна, не го оштетува уредот и е еколошка алтернатива на комерцијалните средства.

М.С.К