Драга моја уморена мамо: Те гледам како плачеш...
„Те гледам како плачеш кога часовникот ќе дојде пет, затоа што не можеш да ја напуштиш канцеларијата додека не завршиш. Па ќе мора да пропуштиш уште една наша заедничка активност затоа што ни требаат пари.
Те гледам како шеташ низ продавница со болни нозе откако ќе го земеш детето од градинка. Количката ја исполнуваш со доволно храна за една недела. Но, кога ќе се вратиш дома, ќе бидеш премногу исцрпена за да готвиш, па ќе направиш замрзната пица.
И те гледам кога се чувствуваш виновна поради тоа што имаме пица за вечера (повторно).
Те гледам како влегуваш во куќата после долг работен ден.
Те гледам како се бањаш, помагаш во домашните задачи, читаш приказни и кажуваш молитви, очајно се обидуваш да ги задржиш очите отворени.
Знам дека нашето семејство е твој живот. Знам дека работиш за нас. Ти си прекрасна мајка и твоите деца го знаат тоа. Не заборавај на тоа.“
извор:ringejaja.hr