„Две дестинации, едно лето што се памети – Ѕирнете во Asteria хотелите во Анталија!“

Уште еднаш добредојдовте во царството на хедонизмот и одличните одмори во одморалиштата на Анталија и егејскиот регион.
Чартер летови, модерни аеродроми, брзи трансфери до врвни хотели, максимална забава за сите возрасти, идеална шопинг дестинација.
Земја на четири мориња со фантастична клима и сезона на пливање од април до октомври.
Четири ултра модерни аеродроми (Анталија, Даламан, Бодрум...) како и одличната мрежа на патишта што поврзуваат бројни одморалишта на оваа земја, исто така, ја прават Турција исклучително привлечна како туристичка земја.
Сè што треба да направите е, наместо со предрасуди, да го наполните куферот со насмевки и добро расположение, бидејќи туристите во Турција ги чекаат сончеви денови, прекрасни плажи, врвни хотели, вистинско гостопримство и возбудливи приказни од минатото, незаборавни факултативни излети и бројни поволности за повремен одмор, како што е бесплатно сместување за едно или две деца...
Низ денешната тура Женски магазин благодарение на агенцијата „Фибула“ преку која имаше можност директно и од прва рака да ги искуси благодатите на летото во турска Анталија, ве носи на обиколка низ два хотели, а вие ако барате летна дестинација што нуди комбинација на релаксација, забава и квалитетна услуга, хотелите на „Аsteria“ може да бидат ваш избор.
Аsteria Bloom Side хотелот во Кизилагач е сместен на само 10 километри од Манавгат и 90 километри од аеродромот во Анталија. Реновиран во 2023 година нуди модерни содржини за пријатен престој.
Хотелот располага со 265 соби, вклучувајќи стандардни, делукс, суити и кралски суити, опремени со клима уред, минибар, сеф, Wi-Fi и балкон. Некои соби нудат поглед кон морето, градината или копното .
Asteria Bloom Side има приватна плажа со песок и камчиња, опремена со бесплатни лежалки, чадори и крпи. За дополнителен луксуз, достапни се приватни павилјони по цена од 50 евра за две лица, со вклучена услуга. Хотелот нуди и отворени и затворени базени, како и фитнес центар, турска бања и сауна .
Гостите можат да уживаат во ултра ол инклузив услуга, која вклучува појадок, ручек, вечера, закуски и пијалоци. Хотелот располага со три а ла карт ресторани со турска, медитеранска и азиска кујна, како и шест барови .
За љубителите на активен одмор, достапни се активности како пинг-понг, одбојка на плажа, аеробик и гимнастика. Навечер, гостите можат да уживаат во тематски забави, жива музика и танцови настапи .
Asteria Bloom Side како хотел погоден за парови и пријатели кои бараат комбинација на релаксација и забава сигурно ќе ви нуди пријатен престој со различни содржини и активности, а понудата за овој хотел може да ја погледнете на сајтот на ФИБУЛА ТРАВЕЛ ТУКА.
Asteria Family Belek
Asteria Family Belek - Хотелот чија понуда може да ја разгледате детално ОВДЕ - има живописна и мирна околина - нема да згрешите ако барате одмор исполнет со спокојство, свежина и бескрајна забава, опкружени со уникатната природа на Медитеранот!
Asteria Family Белек ќе ви го подари спокојното бегство со своите бујни зелени градини и недопрена плажа, опфаќајќи ја сета убавина на природата. Е овде, можете да уживате и во вистиснки мир, но ќе добиете и неограничена забава на едно совршено место.
Хотелот се наоѓа во Белек, на околу 35 км од аеродромот во Анталија и 45 км од центарот на градот. Сместувањето е распоредено во три дела: главната зграда (Aqua), Hills зградите и Nature делот со бунгалови. Собите се различни по големина и капацитет, од стандардни до фамилијарни.
Хотелот има приватна песочна плажа со плиток влез во морето, што е погодно за деца. Покрај тоа, располага со 11 отворени базени и аквапарк со водни лизгалки, што е голем плус за семејства со деца .
Како гостин на овој хотел ќе имате на располагање главен ресторан со шведска маса и À la carte ресторани со турска, италијанска и морска храна. Интересно е што самиот хотел поседува и сопствена градина каде се одледуваат разни билки и зеленчук.
Asteria Family Resort Belek нуди широк спектар на активности: 7 тениски терени, фитнес центар, турска бања, сауна, одбојка на плажа, пинг понг и гимнастика. Навечер, гостите можат да уживаат во тематски забави, жива музика и танцови настапи .
Хотелот е пет-френдли, што е реткост за хотели од овој тип во Турција.
Продолжете да нѐ следите, нашата тура преку Фибула не застанува тука, луксузот кој треба да го ѕирнете допрва ве очекува деновиве.....
Ирена Ставрова