Две генерации убавина, мајка и ќерка: Агнеса и мајка ѝ блеснаа со нежност и стил

Познатата инфлуенсерка и стилска икона Агнеса Органиџиева повторно ги освои срцата на своите следбеници – овој пат со трогателна објава посветена на нејзината мајка. На својот Инстаграм профил, Агнеса сподели фотографија на која позира со својата мајка, придружена со кратка, но многу емотивна порака:
„Среќен роденден до мојата најдрага мајка“, напиша Агнеса.
На фотографијата, Агнеса блеска во жолт миди фустан кој совршено ја следи нејзината силуета и уште еднаш потврдува дека знае како да ја истакне елеганцијата со стил. Нејзината мајка, пак, изгледа прекрасно и софистицирано во фустан со цветен дезен, додека во рацете држи голем букет цвеќе и подарок – симбол на љубов и внимание.
Фотографијата зрачи со топлина, блискост и почит. Инаку мајката на Агнеса наполни 72 години. Кој би рекол?! Со нејзиниот прекрасен и негуван изглед, остава впечаток на многу помлада.
Познато е дека Агнеса често знае да ги сподели значајните моменти од својот живот со публиката, но оваа објава има посебна тежина – не само поради стилот, туку и поради срцето со кое е направена.
Фото: ИнстаграмРЖМ