Елена се фотографираше со Хари Стајлс: Нашата позната водителка на патување во Њујорк со сопругот

Водителката од
утринската програма на Сител Телевизија, Елена Стојановска со сопругот Огнен го
шеташе најголемиот град во САД, Њујорк.
Водителката на својот Инстаграм профил сподели фотографии од патувањето, а преку нив не прошета на Тајм Сквер, Статуата на слободата, како и најпознатиот музеј за восочни фигури „Мадам Тисо“.
„Големото јаболко“, напиша водителката во описот на фотографиите.
Њујорк е најголемиот град во САД според бројот на жители.
Дом е на некои од највисоките и најпознатите згради во светот, вклучувајќи ги Емпајр Стејт Билдинг, Св. Патрицио катедрала, и Трговскиот центар на светската трговија (One World Trade Center).
Њујорк е составен од пет округа: Манхетен, Бруклин, Квинс, Бронкс и Статен Ајланд. Секој округ има своја уникатна култура и карактеристики.
Фото: Инстаграм
РЖМ