Елена Велевска: Секогаш ќе бидам мајка што се бори за своите деца, не им давам да читаат коментари за мене

Добивај вести на Viber

Фолк-пејачката Елена Велевска е дел од 17-те уметници кои ја пеат „Insieme“, новата преработка на големиот евровизиски хит на Тото Кутуњо, со кој победи на „Евросонг“ во Загреб во 1990 година. 

Интересно друштво од поп, фолк пејачи и актери се заедно во оваа песна, која е иницијатива за определбата на македонското општество да се приклучи кон големото европско семејство. 


Елена Велевска беше гостинка на промоцијата на песната, и ни ги раскажа своите впечатоци од соработката со колегите, а и за тоа како ги воспитува своите деца, Софија, Калија и Марко.

-Многу ми е драго што сум дел од овој проект, јас колку што имам информација, многу набрзина се случи, 17 пејачи се вклучени, и сите се организиравме во најрекордно време, и како што носи наслов песната „Insieme“ (Заедно), заедно да ја завршиме во многу краток рок, па еве, ова што го гледаме е резултат на тоа што го сработивме“, изјави Елена на промоцијата за Женски магазин. 


Изминативе години, доста се пишуваше за нејзиниот развод со охриѓанецот Маријан Мирчески, за кој неодамна изјави дека е во коректна комуникација во интерес на децата. Велевска вели дека се труди да ги воспитува во модерен дух, и секогаш го следи чекорот на времето во сè што прави.

-Како што оди времето, секогаш гледаме да одиме напред, никако да не се вртиме назад, и тоа го применувам и дома со семејството, затоа што животот оди напред. Од минатото можеме само да учиме и да бидеме подобри секое утро“, ни раскажа Велевска која имаше бурен период на приватен план. 


Важно ѝ е да ги заштити децата од било какви коментари кои се појавуваат за неа на социјалните мрежи и во медиумите. 

-Никому не му е лесно, но се трудиме. Јас гледам да ги држам што подалеку од читање коментари, без разлика дали се позитивни или негативни, сето тоа е за нивно добро и мислам дека многу не треба да обрнуваме внимание на тоа што се зборува, туку да гледаме на нашите дела. Делата зборуваат многу, и јас секогаш стојам зад нив, за нивно добро, и секогаш ќе бидам мајка којашто е борец за нив, и со и зад нив, како поддршка за сето она што ќе го одлучиме заедно“, ни раскажа Елена. 

Атрактивната фолк-пејачка, нема да да ги помине новогодишните празници со своите најмили, поради работен ангажман во Америка. 

 -За Нова година заминувам на турнеја во Америка, поточно за 31-ви ,за дочекот сум во Детроид“, изјави Велевска која често настапува во дијаспората. 

Во песната за „Insieme“, учествуваат и нејзиниот колега од фолк музиката Благоја Грујовски, актерот Адријан Азири, познат по улогата на Наим од серијата „Преспав“, кои исто така дојдоа на промоцијата. 


Новиот аранжамн го направија Владимир Дојчиновски – Дојчин и Давор Јорадновски, додека македонскиот дел е текстот е на Борче Нечовски. Песната ја изведуваат и Тијана Дапчевиќ, Кристина Арнаудова, Никола Перевски – Пере, Елена Петреска, Зуица Лазова, Анастасија Петреска, Виктор Апостоловски, Лидија Кочовска, Ѓоко Таневски, Мики Јовановски – Џафер, актерката Ана Стојановска. 



М.Џаровска 

Фото: Вангел Тануровски Приватна архива