Гест кој го издава: Експертите за невербална комуникација открија што секогаш прави Бред Пит кога е вљубен

Добивај вести на Viber

Овие денови, Бред Пит повторно е во фокусот на медиумите поради својот необичен стил откако почна јавно да се појавува со својата партнерка Инес де Рамон – но ова не е прва трансформација за славниот актер. 

Напротив, секогаш кога влегува во сериозна врска, Бред Пит радикално го менува својот изглед.

Холивудскиот актер веќе не ја крие својата нова љубов. Последниве денови тој гордо се појавуваше во јавноста со Инес де Рамон, со која е во врска од 2022 година.

Инес, инаку извршна директорка во познатата куќа за накит Anita Ko, сè почесто го придружува Пит на јавни настани, особено во рамките на промоцијата на неговиот нов филм „F1“.

Интересен детал што фановите често го забележуваат е дека секогаш кога ќе се заљуби, Пит има навика стилски да се усогласи со партнерката – било преку бои, кроеви или целосна естетика. 

Тоа го правеше и со Гвинет Палтроу и со Анџелина Џоли, а сега очигледно го прави и со Инес, со што уште еднаш потврдува дека љубовта влијае не само на срцето – туку и на гардеробата.

Извор: EPA