Еве која е според Chat GPT македонската „Маргарет Тачер“ - челичната дама на македонската политичка сцена

Го прашавме Chat GPT која е македонската Маргарет Тачер, челичната дама во македонската политика. Добивме субјективен одговор граден на впечаток.
Во времето кога политиката на Балканот беше доминирана од мажи и од неизвесни демократски процеси, Гордана Јанкулоска се издвои како една од највлијателните и најконтроверзните жени на македонската политичка сцена. Како министерка за внатрешни работи од 2006 до 2015 година, Јанкулоска важеше за цврста и бескомпромисна фигура – токму поради тоа многумина ја нарекуваа „балканската Маргарет Тачер“, стои во одговорот на Chat GPT.
Иако побаравме подетално да ја објасни оваа референца и да се повика на изворите, од каде го црпе заклучокот, генераторот на ВИ, ни предложи извори меѓу кои и Википедиа, кои се сметаат за релевантни и често цитирани содржини низ медиумите и јавноста.
Сепак, вреди да се напомене дека содржините кои се пласирани на Википедиа, се авторски производи на неколку автори, често постои можност да се изменат, ставаат содржини без посебни филтри и што е најважно општата публика нема увид во тоа кој е авторот на одреден текст.
Што значи дека, впечатокот дека Гордана Јанкуловска е „балканската Маргарет Тачер“ може да го дели само мала група на луѓе, што воопшто не е одраз на реалната состојба во политиката. Сепак во медиумите во најголем дел впечатоците се тие кои го креираат јавното мнение, а не анализите, бројките и заклучоците.
Chat GPT додава дека „нејзиниот стил на управување со полицијата беше решителен, авторитативен и често предмет на дебата – токму како и британската „Железна дама“. Јанкулоска не отстапуваше пред притисоци, ниту пред јавни критики. Во годините кога Македонија се соочуваше со протести, етнички тензии и политички кризи, таа остана една од најлојалните и највлијателни личности во владата на ВМРО-ДПМНЕ“, авторот на оваа реченица повторно останува непознат.
Јавно мислење / јавно мнение
Иако во стандрдниот македонски јазик, се употребува само мислење, додека мнение повеќе е некоја неформална и говорна форма, античките мислители Парменид и Платон правеле строга разлика помеѓу мислење (logos) и мнение (doxa).
Под мислење се подразбира заклучок кој е донесен на логички и емпириски анализи и мислење се брани со аргументи. На пример, кога ќе прашате еден човек какво мислење има на темата и тој ви го каже образложението и аргументите поради кои го донел извесниот заклучок се работи за мислење.
Во случај кога луѓето се повикуваат на слични симпатии, субјективни преференци и сл. станува збор за мнение. Ако прашате некого што мисли на актуелна тема и тој ви каже без да ви даде образложување, само го базира својот заклучок на правото да има слободна мисла, тогаш најверојатно станува збор за мнение односно личен впечаток, кој е комплексен и иреационален збир.
Сепак важно е да се напомене дека и мнение и мислење имаат променлив карактер и човекот е склон да го менува како мислењето, така и мнението врз база на нови заклучоци или искуства. Интересно е што луѓето со мислење, се подготвени многу полесно да прифатат критика и да сменат мислење, одошто луѓе кои имаат мнение. Луѓето кои имаат мнение важат за инаетливи.
Важно е да се зборува, не дали е точно
Откако комуникацијата стана главниот сегмент во научно-истражувачката работа и се случи голем подем на комуникологијата во применета наука, комунициските алатки се користат во различни цели, но и злоупотребуваат.
Chat GPT e креиран да даде одговор на секое прашање, без да имате извесност дали тој одговор ќе биде вистинит или лажен, а понекогаш немате критериум ниту да го проверите. Треба да му верувате на Chat GPT, новата религија на секојдневието.
Chat GPT ja следи современата максима на многу луѓе, важно е да се зборува, не е важно што ќе се каже. Важно е да има кликови, импресии, реакции, не е важно дали се однесуваат на содржини кои се вистинити.
Ако сакате да зборувате за вистината во контекст на содржината, Chat GPT дефинитивно има ограничување, но доколку сакате да ја зголемите креативноста и ефикасноста за приказни кои се засноваат на фикција, тогаш дефинитивно можете да се обратите за совет кај Chat GPT.
Сепак мора да му признаеме на Chat GPT дека изненади со одговорот кој е македонската Маргарет Тачер и сигурни сме дека помеѓу нашите читатели има истомисленици.
М.С.К