Здравје // Совети
ЕВЕ КОЛКУ СЕ РАБОТИ ВО ЕУ: Најдолгите работни недели се регистрирани на Балканот, еве во кои земји
- 15 Мај, 2025 16:42

Вработените во Европската Унија минатата година работеле просечно 36 часа неделно, што е намалување во споредба со 2014 година кога просечната работна недела била 37 часа, објави денес Евростат.
Меѓу членките на Европската Унија, најдолги работни недели се регистрирани во Грција со 39,8 часа, Бугарија со 39 часа, Полска со 38,9 часа и Романија со 38,8 часа.
Спротивно на тоа, вработените во Холандија работеле најкратко, во просек 32,1 часа неделно, по што следат Данска, Германија и Австрија со по 33,9 часа.
По индустрии, вработените во секторот земјоделство, шумарство и рибарство работеле најдолго, со просек од 41,2 часа неделно.
Повеќе на Фактор