Финалистот на „Ѕвездите на Гранд“ повторно во фокусот: Од сцена до мудри совети за животот - инспиративен на секое поле

Добивај вести на Viber

Македонскиот пејач Ален Хасановиќ, кој го привлече вниманието на јавноста како финалист во популарното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, повторно се најде во центарот на вниманието, овојпат благодарение на емотивна и мудра објава на социјалните мрежи.

Хасановиќ, кој со својата харизма, глас и сценска енергија го освои жирито и публиката на шоуто, стана едно од најпрепознатливите имиња на македонската естрада. По завршувањето на натпреварувањето, неговата популарност вртоглаво порасна, што резултираше со бројни настапи и свирки низ Македонија, каде неговата публика со задоволство уживаше во неговите изведби.

Но, покрај музичката сцена, Хасановиќ умее да допре до своите следбеници и преку лични и инспиративни пораки. Неговата неодамнешна објава на социјалните мрежи – фотографија придружена со мудрата мисла:

-Молчи кога треба, кажи кога мораш, оди си кога веќе не вреди

бргу стана тема на коментари и шпекулации меѓу неговите следбеници.

Многумина претпоставуваат дека објавата е наменета за некоја блиска личност од животот на Хасановиќ, која, според значењето на пораката, го има разочарано. Иако пејачот не откри детали, фановите веруваат дека во прашање е емотивна или лична ситуација која оставила трага, но од која тој излегол посилен и со важна животна лекција.

Без разлика дали станува збор за уметничка изразеност или вистинска животна приказна, Ален Хасановиќ уште еднаш покажа дека знае како да допре до својата публика – не само преку музика, туку и преку искрени и силни пораки.

Судејќи по реакциите, пејачот има цврста поддршка од своите обожаватели, кои со нетрпение очекуваат негови нови настапи, но и идни музички проекти.

М.С.К