ФИНЦИТЕ, УНГАРЦИТЕ, ТУРЦИТЕ СЕ ЖОЛТА РАСА: Но и други европски народи, што учат осмоодделенците?

Добивај вести на Viber

По секојдневното обелоденување на кардинални грешки во учебниците кои пред крајот на првото полугодие ги добија децата во петто одделение, реакции за грешки стигнуваат и од родители и од наставници на ученици од повисоките одделенија. Дека Македонија на исток граничи со Албанија, а на запад со Бугарија, дека Монт Еверест е висок 29.305 метри, дека Марија Кири е добитничка на Нобелова награда за наука, а не постои Нобелова награда за наука, туку за хемија или за физика, не се последните катастрофални грешки кои ќе мораат да ги „голтаат“ децата.  Оние во VIII одделение по географија учат дека Финците, Унгарците, Турците се жолта или монголоидна раса.

Откако до редакцијата на Фактор стигнаа низа реакции од родители кои велат дека ова е сосема погрешно, разговаравме со наставничка по географија, веќе во пензија, Стојанка Вуксановиќ, која направила истражување, конкретно за Финска и која вели дека Финците се бела раса. Повеќе на Фактор.мк