Јавно ја бараше на мобилен: Лоба му одговори полу-гола и го потсети порано да дојде

Добивај вести на Viber

Пејачката Викторија Лоба го користи секој слободен момент да направи пауза од напорните работни обврски. Овие моменти неретко ги забележува и со фотографии кои ги споделува со своите обожаватели на социјалните мрежи. 

Извор: Инстаграм 

Лоба важи за една од најпосветените македонски пејачки, која се труди да го задржи природниот изглед и добрата физичка кондиција. 

На социјалните мрежи неодамна објави фотографии од плажа во која уште еднаш покажа дека „добрата кондиција“ и природниот изглед се нејзиниот заштитен знак, а на социјалните мрежи се редеа коментари дека никогаш не изгледала подобро од сега.

Извор: Инстаграм

На 37 годишна возраст изгледа младолико и негувано, а во своите јавни настапи неретко истакнува дека се грижи за својот физички изглед и посветува внимание на сопствената нега. 

За македонската јавност Лоба стана позната во 2010 година, кога ја доби наградата „Златна бубамара на популарноста“, како признание за нејзиниот успех и препознаеност помеѓу македонската публика. 

Викторија Лоба со официјалната песна „Почувствувај го ритамот“ отвори еден од најпрестижните македонски музички фестивали на модерната поп - рок музика на „Макфест“ во 2012. 

Отогаш не престанува да ја интригира јавноста, а многумина и доделуваат комплименти токму на сметка на нејзиниот изглед и витка фигура. 

РЖМ, М.С.К