ФОТОГРАФИЈА ОД ЦЕЦА ЗАВРШИЛА НА НАДГРОБЕН СПОМЕНИК: Шокантна глетка на гробиштата – Зоран за својата вечна куќа издвоил 500.000 евра (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Зоран Бркиќ од Обреж кај Варварин сам си направил надгробен споменик и однапред одредил дека ќе живее 101 година, објави српската „Прва ТВ“.

Сето тоа можеби не би било необично, доколку на мермерниот споменик немаше врежани фотографии од жени, фудбалери и јавни личности – меѓу нив и фотографија со пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ.

За својата „вечна куќа“ Зоран вели дека издвоил половина милион евра. На споменикот е врежан натпис: „Цеца Величковиќ ми пееше.” На фотографијата е тој со Цеца, а, како што објаснува, тоа е спомен од далечните 80-ти години.

Во емисијата „150 минута“ на ТВ Прва, Зоран објасни дека сите тие фотографии се негови лични спомени со познати личности и дека тоа не е целата колекција. Иако не побарал дозвола за да ги постави нивните слики на својот споменик, тој се консултирал со адвокат.

– Бев кај адвокат и го прашав, а тој ми рече: „Зошто да те тужат? Ако не ги сакаше, немаше да ги ставаш нивните фотографии.“ Од Цеца имам слика со посвета, на задната страна пишува: „На Зоран за спомен, Цеца Величковиќ.“ Тоа беше некаде во 1987 или 1988 година – раскажува Зоран.

Тој откри и дека имал блиска врска со Цеца, и дека дури планирал да ја ожени.

– Се дружев со Цеца Величковиќ, планиравме брак, но тогаш се вмеша Жељко Ражнатовиќ Аркан. Така останав неоженет – изјави Зоран со доза на шега и носталгија.