ФРОНТАЛЕН БРАН ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Викендов доаѓа освежување

Добивај вести на Viber

Најавениот фронтален бран пристигна во северните предели од нашата Република Македонија, а со тоа и во Скопје и околината каде започна да врне дожд, објави метеорологот Славчо Попоски.

„Под влијание на стабилна, сува  и малку посвежа воздушна маса од север и од североисток, за време на викендот (сабота  и недела 21/22 јуни) ќе дува повремено засилен ветер од северен правец, а температурите ќе опаднат за 3 до 4 степени во споредба со сегашните.

Времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Наутро ќе биде посвежо со температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 17 степени, а преку ден тие ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени, додека во Скопје наутро температурата ќе се спушта до околу 13/14 степени, а максималната температура ќе се искачи до околу 32 степени.

Детали на ФАКТОР ТУКА.