„Гласот кој ја освои Евровизија“: Вака црногорците ја најавија нашата Тамара на „Подгорички пазар“

Добивај вести на Viber

Гласот кој ја освои Евровизија на „Подгорички пазар“ вака беше најавена македонската пејачка Тамара Тодевска која беше дел од ова фестивалско случување.

Пролетното издание на „Подгорички пазар“ беше отворено на 5 мај и ќе трае до 21 мај на Плоштадот на независноста.

Дел од програмата оваа година беше и македонската пејачка Тамара Тодевска, која за публиката приреди одлична забава.

View this post on Instagram

A post shared by @sekretarijatzakulturu_pg

Пролетното издание „Подгорички пазар“ секогаш привлекува големо внимание, не само за граѓаните на Подгорица туку и бројни посетители и туристи.

„Подгорица, благодарам за преубавата енергија и атмосфера, вчеравечер на „Подгорички пазар“. Одамна не сме поминале волку убаво! Се гледаме повторно“, напиша Тамара.

View this post on Instagram

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

Неодамна нашата пејачка имаше успешен емотивен хуманитарен концерт во Младинскиот културен центар во Скопје, на кој Тамара Тодевска пееше за настраданите во пожарот во Кочани, постави нови граници во светот на музиката, но и во човечката димензија.

„На хуманитарниот концерт во МКЦ, Тамара Тодевска и нејзината публика собраа над 10.000 евра за настраданите од трагедијата во Кочани кои ќе бидат донирани. Концерт исполнет со емоции, солзи, љубов и моќна порака: дека музиката обединува таму каде што тишината боли. И дечките од SupportKocani беа таму за да го почувствуваат тој момент на сплотеност и поддршка“, напишаа од Супорт Кочани.

Фото: Djordje Cmiljanic Photography
РЖМ