Го избра семејството пред музичката кариера: Елена Петреска се исели од Македонија, а и од таму денеска пружа хуманитарна помош за оние на кои им е најпотребно

Добивај вести на Viber

Во времето кога нејзините песни се вртеа насекаде, а публиката ја следеше со воодушевување, Елена Петреска беше едно од најпрепознатливите имиња на македонската естрада. 

Но, на врвот од својата популарност, таа направи потег кој ретко кој го очекуваше – се повлече од музичката сцена.

По стапувањето во брак и создавањето семејство, Елена ѝ се посвети на приватноста и мирниот семеен живот. По неколку години далеку од очите на јавноста, таа заедно со семејството се исели од Македонија. Но, љубовта кон татковината никогаш не исчезна – напротив, се претвори во гласна и активна поддршка од далечина.

Преку социјалните мрежи, Петреска редовно споделува апели за помош, особено фокусирани на децата со атипичен развој, покажувајќи дека нејзиниот глас и понатаму има значење – иако сега пее на еден поинаков, многу повлијателен начин.


Фејсбук

Покрај хуманитарните активности, таа не се воздржува ни од коментари за актуелните општествени теми во земјава. Без задршка го искажува својот став и докажува дека иако физички е далеку, емоционално и духовно сè уште е длабоко поврзана со Македонија.

Повеќе за животот на Елена Петреска на линков 

М.С.К