Хит видео од домот на Сара и Димитар: Илина во главна улога – „Јас сум штрба баба, без два заба“

Судејќи по кусите видео приказни кои познатиот пар Сара и Димитар ги споделуваат на социјалните мрежи, навистина имаат театар комедија по дома со нивните деца, Илина и Кирил во главните улоги.
Забавниот пар овој пат објави еден комичен момент од нивниот дом. Шестгодишна преслатка ќерка Илина имаше незгода со нејзините млечни заби. Кецовите паднаа, а Илина остана како што вели „штрба баба, без два заба“.
Овој момент е документиран со кусо видео кое сигурно ќе ве насмее, но и ќе ве разнежи искреноста и преслатката насмевка на Илина, која во недостиг на два заба, а потоа и три не може да каже поговорка во која буквата „ш“ е во секој збор.
„Кога двата кеца ќе паднат во иста вечер. Да знаев дека е волку смешно, на Димитар (на спиење) со клешта ќе му ги имав мавнато до сега“, се пошегува Сара на објавата.
Видеото во продолжение ќе ви каже сè:
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
РЖМ