Хрватска ги отвора вратите за сезонците, можете да заработите до 1.200 евра
Хрватска и оваа година има потреба од сезонски работници, кои би се вклопиле во туризмот и угостителството.
Платите можат да достигнат и до 1.200 евра. Бараат келнери, готвачи, шанкери, бармени, собарки. Дел од македонските граѓани веќе имаат искуство со работа во Хрватска, и во текот на летото работат во оваа земја. Платите кои се нудат за сезонците се исти како и за домашните работници. Келнерите земаат од 750 до 1.200 евра, а готвачите од 800 до 1.200 евра. За ова лето Хрватите планираат дека летната сезона ќе трае 3 месеци, а дали ќе имаат гости во септември и октомври ќе зависи од епидемиолошката состојба.
„Доколку се работи за позиции како келнери, бармени, тогаш се пријавуваат млади луѓе, но за собарки има и жени на возраст од 55 години кои аплицираат. На луѓето им е важна висината на платите, но голема улога играат и квалификациите кои ги поседуваат да можат да аплицираат за работа.