Животна училница // Приказни
Исполнета на емотивен план: Тамара Тодевска откри колку е среќна што го има токму него во својот живот

Тамара Тодевска, по разводот од Александар Димитровски - Мачка откри дека повторно е среќна и исполнета на емотивен план.
Таа веќе две години е во врска со нејзиниот избраник Лука, а на социјалните мрежи неретко открива детали за нивниот однос.
На својот Инстаграм профил, Тамара објави фотографија од прослава на годишнината од нејзината љубовна врска со Лука и покажа колку е среќна што го има во својот живот.
Претходно Тамара беше во брак со Мачка, но тој брак заврши со развод по седум години заеднички живот. Од овој брак Тамара ги има ќеркичката Хана и синчето Дарен, а на социјалните мрежи споделува и фотографии кои укажуваат на тоа дека односите помеѓу нејзиниот парнер со децата се хармонични и идилични.