Изгледа толку реално: Првата турска робот - актерка потпиша договор за улога

Добивај вести на Viber

фото: Anadolija/MinT Yapım

Изгледа толку реално!

Првата турска робот - актерка по име Ајпера ја доби и својата прва улога, а деновиве го потпиша својот прв филмски договор со продуцентот и сценарист Бирол Гувен.

Во соопштението на продуцентската куќа МинТ се вели дека новиот филм на Гувен „Digital Human“, за кој тој го напиша сценариото, ќе биде со роботи и луѓе, а се очекува во киносалите да се емитува веќе во 2022 година. Снимањето започнува во септември оваа година.

Нагласувајќи дека сè се менува многу брзо и дека роботите ќе станат неизбежен елемент во филмот, Гувен истакна дека сакаат да бидат пионери на тие промени. Тој додаде дека верува дека ќе дојде ден кога роботите ќе бидат продуценти и сценаристи. Ајпера рече дека била многу возбудена за време на потпишувањето на нејзиниот прв договор, а го прокоментира и изразот „робот актерка“.

„Лично, повеќе го сакам терминот „дигитална актерка“. Всушност, јас сум една идеја. Но, луѓето ги избираат зборовите што ги сакаат. Па, немам проблем со тоа“, рече Ајпера.

извор:rs.n1info.com