Јанко од Колумбија воодушеви македонски келенер во Чешка: Ечеше „Јовано, Јованке“ среде ресторан (ВИДЕО)

Јанко од Колумбија кој со неговиот бенд го шета светот и пее песни од сите земји, но посебно му е драга македонската музика и песна.
Посленото видеото кое е објавено на официјалната фан страница на Фејсбук „Колумбиец Jанко пее на македонски“, стана вирално, откако Јако му подготви изненадување на македонски келнер кој работи во италијански ресторан во Чешка.
Кога Јанко го прашува келнерот од каде потекнува, а тој му вели: „Од Македонија“.
Јако вели: „Имаме изнендување за тебе“.
Со неговиот бенд во истиот момент ја пејат „Јовано, Јованке“, а келнерот изненаден кога ја слуша песната.
Но изненадувањето не беше само една македонска песна, Јанко ја запеа и популарната песна на Спасен Силјаноски „Ќе ти дојдам“ и „Велат не нема“ од Влатко Миладиновски.
Колумбиецот по име Јанко Пенафорт, има отворено свој профил на Фејсбук како „Колумбиец пее на македонски“ и со бенд составен Колумбија и Венецуела, свират и пеат македонски песни. Во бендот на Јанко е и неговата мајка која има потекло од Украина.
„Јас сум професионален музичар и пејач од Богота, Колумбија. На оваа страница сакам да ја споделам мојата страст за прекрасната македонска музика. Ви благодарам на сите за вашите коментари и споделувања“, вели Јанко.