Животна училница // Приказни
Како би изгледале познатите личности на ПИКНИК според вештачката интелигенција: Панче Тошковски со пиво, Катерина Ивановска во занес

Вештачката интелигенција (ВИ) денеска е во значаен подем и сè повеќе се применува во различни области од нашиот секојденв, вклучително и за генерирање фотографии врз база на едноставен текстуален опис.
Оваа технологија овозможува создавање визуелни содржини без потреба од класична фотографија, што ја прави особено корисна за медиуми, маркетинг, уметност и забавни содржини.
По повод Меѓународниот ден на Пикникот, одлучивме да ја тестираме ВИ со интересен предизвик — да генерираме фотографии од познати личности на македонската јавна сцена и да прикажеме како тие би изгледале и се однесувале на еден просечен излет во природа.
Овој експеримент ни овозможи да го видиме потенцијалот на ВИ во креативното и реалистично прикажување на сцени кои инаку би барале големи ресурси и време за реализирање.