Како да ги исперете пожолтените перници? Стариот трик на баба Маре ги отстранува сите дамки, ќе бидат како нови!
Можете да ги перете старите перници за да светат како нови. Еве како да го направите тоа.
Со текот на времето, на перниците се собираат траги од пот, плунка, мртви клетки од кожата и грини. За да им ја вратите белината и свежината, исперете ги со оваа смеса која што прави чуда. Потребни состојки:
* 1 шолја детергент за садови
* 1 шолја детергент за перење алишта
* 1 чаша белило
* 1/2 чаша боракс
Што треба да направите?
Проверете ја етикетата за перење на перницата за да ја поставите температурата на машината за перење. Истурете ја смесата што ја направивте во машината и вклучете ја. Ставете ќебе до перницата така што барабанот на машината ќе биде рамномерно наполнет. Изберете подолга програма за перење. По првото плакнење, пуштете го повторно плакнењето за да се осигурате дека сите хемиски остатоци се отстранети.
Како да отстраните дамки
Ако не сакате да ги перете перниците, можете едноставно да ги отстраните дамките. Дамките од плунка и жолтите дамки што се појавуваат со текот на времето може да се отстранат ако ги испрскате со алкохолен оцет и по 15 минути ги истриете со чист сунѓер натопен во вода со сапуница. Дамките може да се отстранат од перниците од мемори пена само со благ раствор од сапуница.
Извор: Najzena.alo.rs