Како да ја стилизирала Јелена Карлеуша: Фустанот на Меган Фокс открива сè
Фото насловна: Инстаграм/Меган Фокс
Американскиот рапер Машин Ган Кели и неговата девојка,
познатата актерка Меган Фокс, беа најатрактивната двојка на овогодинешните
музички награди Билборд што се одржаа во Лос Анџелес. За тоа сведочи и фактот
дека двајцата биле најмногу фотографирани меѓу присутните. Сепак, најголемо
внимание привлече фустанот на Меган
Фокс, кој изгледа како парче што Јелена Карлеуша со задоволство би го носела.
Со голите појави, но и однесувањето на црвениот тепих, парот предизвика најголемо внимание и интерес на насобраните фотографи пред кои позираа, а не се двоумеа ниту со страствени бакнежи.
За таа пригода Меган избра црн проѕирен фустан украсен со необично деколте, што покажуваше повеќе отколку што криеше, додека тој се појави во црно одело и откопчана бела кошула, под која јасно се гледаа неговите тетоважи. Тој понатаму ги заинтригираше сите со црно-насликаниот јазик, кој го ползеше до сите, па ја бакна Меган.
Кели и Меган се во врска од минатата година, а извор близок до нив за Entertainment Tonight порано овој месец изјави дека таа би сакала да се омажи за него.
Тие наводно се вљубиле на прв поглед кога заедно го снимале филмот „Midnight in the Switchgrass“, а таа наскоро потоа започнала постапка за развод со актерот Брајан Остин Грин, со кого има три деца.
Фото: Инстаграм/Меган Фокс/Јелена Карлеуша
Можеби ќе ве интересира:
Карлеуша објави фотографија од нејзиниот татко: Но, сите го коментираа Душко, еве зошто