Како престанав да се нервирам: Ми требаа 40 години да научам неколку важни лекции

Сè додека не се откажувате од животот, животот нема да се откаже од вас. Денеска наполнив четириесет. Мојот живот не испадна како што се надевав. Некои работи, како родителството, беа дури и подобри отколку што замислував дека ќе бидат, а од друга страна, здравјето ме изневери.
Еве што научив на долгото патување кое траеше четириесет години:
40. Единствената личност што треба да ја слушате сте вие. Престанете да се преправате и бидете свои!
39. Луѓето нема да ве сакаат. Тоа е во ред. Има многу луѓе кои ве сакаат - фокусирајте се на нив!
38. Стареењето не значи дека ќе станете помудри. Некои луѓе ги прават истите грешки со години. Бидете паметни, учете од грешките на време и не ги повторувајте.
37. Вие најдобро знаете сè за себе, затоа не барајте совет од другите. Решете ги сопствените проблеми!
36. Слушајте што ви кажува срцето и вашиот мозок полека ќе дојде до остварување на таа желба чекор по чекор.
35. Не секогаш го знаеш она што не го знаеш. Понекогаш можете да стигнете само до изгубените делови од вашето знаење на патот. Затоа, продолжете да туркате напред и ќе научите сè што ви треба.
34. Грешките се неизбежни. Тоа е животот. Не постои човек на планетата кој не греши.
33. Никогаш не слушајте кога ви велат дека тоа не е можно. Сè е можно ако одлучите да успеете.
32. Никој не знае што носи иднината.
31. Ако некој ви каже дека може да предвиди идни настани (на полето на љубовта, животот, парите), знајте дека лаже.
30. Верувај во своите соништа, дури и кога сите мислат дека си луд.
29. Престанете да се стресувате. Ви треба вашето здравје, а стресот го уништува.
28. Спијте најмалку 7 часа навечер за да можете нормално да функционирате.
27. Грижете се за вашето тело. Тоа е храм на вашата душа!
26. Кажете што мислите. Секогаш одржувајте го ветувањето, без разлика колку ве чини.
25. Самодовербата се стекнува само ако се фрлите во животот.
24. Искушенијата се моментални, а последиците траат цел живот. И цел живот е долг период!
23. Плановите честопати даваат контраефект. Затоа, секогаш имајте план „Б“ за да можете да продолжите напред.
22. Секогаш следете го вашиот план, но погрижете се да го исправите како што поминува времето. Не гледајте слепо на ништо, проширете ги хоризонтите.
21. Работете паметно, не напорно.
20. Вистината е секогаш најдобра, колку и да била грда некогаш. Подобро да знаеш отколку да погодуваш и слепо да веруваш некому.
19. Сакајте се себеси. Само ако се цените себеси, другите ќе ве ценат.
18. Бидете љубезни – СЕКОГАШ!
17. Не секоја љубовна врска ќе трае цел живот и тоа е сосема во ред.
16. Не е ваша работа да им држите предавања на другите. Доволно е да дадете добар пример со вашиот живот.
15. Ако сте родител, секогаш внимавајте на себе, бидејќи децата го прават тоа што го гледаат од вас.
14. Промената бара посветеност, дисциплина и повторување.
13. Фокусирајте се на сегашноста.
12. Што и да правите сега, имајте ја вашата иднина на ум.
11. Оставете го минатото да замине во заборав.
10. Не можете да промените маж. Или прифати го, или продолжи без него.
9. Секогаш слушајте ги мислењата на другите луѓе. Кога ќе престанете да слушате, престанувате да учите.
8. Препрашувај се. Тоа е единствениот начин да се направат работите како што треба.
7. Вашите верувања ја дефинираат вашата личност, па внимателно изберете ги.
6. Ќе има многу подеми и падови на вашиот животен пат. Не се карајте, научете како правилно да ги надминете.
5. Вашиот ум е моќен. Инвестирајте во него, учете секој ден!
4. Никој навистина не знае што се случува кога ќе умреме.
3. Однесувајте се кон другите исто како што сакате тие да се однесуваат со вас.
2. Да се биде среќен е прашање на одлука.
1. Се додека не се откажувате од животот, животот нема да се откаже од вас.