Каков фраер со изглед од пред 40 години: „Мајка ми ме молеше да не ја носам оваа маичка во јавност. А таа ми ја купи...“

Добивај вести на Viber

Македонскиот актер, шоумен и текстописец Игор Џамбазов повторно ги израдува своите следбеници на социјалните мрежи со доза од неговата непогрешлива харизма и носталгичен дух. Овој пат, објави ретро фотографија од своите помлади години, на која позира во впечатлив стајлинг од пред речиси 40 години.

Во описот на фотографијата, Џамбазов со доза на хумор напиша:

„Аутифит од пред скоро 40 години. Мајка ми ме молеше да не ја носам оваа маичка во јавност. А таа ми ја купи...“

View this post on Instagram

A post shared by Igor Djambazov (@igordzambazov)

Објавата набрзо предизвика позитивни коментари од неговите фанови, кои не штедеа зборови за неговиот изглед, стил и посебна енергија што ја зрачел уште тогаш.

„Каков фраер!“, „И денеска вака да излезете, модерен ќе бидете!“, „Мајка ти за мене беше една и единствена. Мојата Моника Белучи, пред Моника да постои. Многу сакав да ја гледам со долгата црна коса кога шеташе низ населба со дедо Петре. Трчав да ги поздравам, а ти... убав еден. Многу фраер“.

Еден коментар посебно ги насмеа неговите следбеници, кога го прашуваат дали маичкката и денес му е точна, тој вели „Точна ми е...ако ја облечам на десната нога“.

Со вакви реакции, е јасно дека Игор Џамбазов не е само еден од најпознатите уметници во земјата, туку и личност која оставила длабока трага во колективната меморија на повеќе генерации.

Фото: Инстаграм

РЖМ