Касандра на преглед поради тумор: Актерката откри детали за нејзината состојба - понекогаш боли

Добивај вести на Viber

Фото: Instagram printscreen/lakoraima

Актерката Кораима Торес, позната на јавноста по улогата како Касандра откри неколку тумори во нејзиното тело пред неколку години - за среќа, бенигни. Сепак, таа е на стража од тогаш, бидејќи нејзиното семејство, како што призна, има историја со тумори.

- Јас ги започнав прегледите минатата недела. Сакам да ве известам дека мојата мамографија и ултразвук на дојка поминаа добро. Поради овие тумори, мора да се прегледувам на секои шест месеци - откри на својот Инстаграм профил актерката Кораима Торес, позната по улогата на Касандра во истоимениот ТВ-роман.

View this post on Instagram

A post shared by Coraima Torres (@lacoraima)


49-годишната латиноамериканска актерка изјави дека е малку исплашена и дека овие прегледи извршени со допир понекогаш се болни, но дека е важно да се извршат затоа што можат да спасат животи.

За потсетување, од емитувањето на серијата „Касандра“ во 1997 година, оваа венецуелска актерка, во сите републики на поранешна СФРЈ, стана најомилениот странец. Таа беше толку популарна што весниците пишуваа за неа секој ден, а уличните тезги беа полни со маици, чаши, слики, разгледници и разни други производи со нејзиниот имиџ. Дури и мебел, душек за спиење и тоалетна хартија беа именувани по Касандра. 


Можеби ќе ве интересира:

(ФОТО) Ги паметиме како Касандра и Жаде: Како изгледаат после 20 години