„Кажи ми како се шминкаш и ќе ти кажам која си“: Козметиката некогаш и денеска и нејзиното влијание врз енергијата

Добивај вести на Viber

Сигурно некогаш сте се прашале, кога жените дошле на идеја да користат шминка и колку козметички производи постоеле во минатото, а колку денеска? Дали навистина сите козметички производи се неопходни или сепак се применливи на конкретни групи жени за точно определени третмани?

Ќе се изненадите дека зад употребата на шминката и козметиката постои цела една историја испишана со мноштво револуции. Реномираниот портал „Fashiongonerogue“ пишува дека првите историски белешки за употреба на шминка и козметика кај жените се појавуваат во 1920 година. 

Freepik

Почетокот на 20ти век дефинитивно бил период на големи промени, но шминката како кралска привилегија, во периодот на 20ти век станала достапна за општата употреба. По Првата светска војна и застапувањето за право на глас, жените почнале масовно да користат шминка, инспирирани од филмските ѕвезди како Clara Bow и Louise Brook, а дневниот печат успеал да го забележи овој историски момент. 

-Реномираниот светски медиум „Гардијан“ пишува дека „Флапер“ девојките се тие кои ја донеле шминката помеѓу општата група од жени. За нив таа не подразбирала само нега, туку цел животен стил и лична експресија. Симболизираше осамостојување, репромис заод со конзервативните вредности, и ново позитивно искуство на женственоста. Флапер девојките јавно го избраа тој стил како дел од својот отпор и културен авантуризам, стои во објавата на Серена Смит за Гардијан.  

Како изгледала шминката и козметиката пред 100 години?

Жените пред 100 години не оделе во големи продавници и не бирале производи од полиците. Тие имале други начини да подготват шминка и козметика во домашни услови. Од таа причина жените до пред 100 години биле вистински креативци кои изгледале како да работат во некоја минилабораторија и прават тестирања на козметичките производи. 

Жените до пред 100 години користеле избелувачи за лице и намерата им била да изгледаат што е можно „побело“, често користеле сода бикарбона и други формули за избелување на кожата. Руменилото било задолжителен дел од шминката на жените пред 100 години, но за разлика од денеска кога се нанесува со четкичка, тогаш жените користеле црвени овошја кои долготрајно останувале присутни на образите. 

Freepik

Исто така местото на нанесување на руменило било на самите образи, додека денеска руменилото се нанесува на јаболчниците и накај слепоочната коска. Иконската форма на усните,  се постигнувала преку метални стапчиња. Најпопуларни беа темноцрвени и винско‑бордо нијанси. 

Маникрот исто така не им бил непознат на жените пред 100 години, а за бојадисување на нивните нокти верувале или не користеле боја за автомобили. Влакната си ги отстранувале со белка од јајце, а користеле и парфем произведен од миризливи растенија. 

Поврзаноста на шминката со енергијата 

Како се шминкаш, така и зрачиш. Дефинитивно шминката го обликува изгледот на една личност, но и впечатокот кој го остава околу себе. 

Извор: Фејсбук 

Според енерготерапвката Јасмина Арсовашминката и козметиката влијаат на нашата природна енергија. Нашите тела се составени од енергија, вода и микроогранизми кои сочинуваат тело, па од таму и затоа толку многу влијаат на нас и нашата животна енергија сите работи кои ги нанесуваме и внесуваме во телото бидејќи сите имаат информација некаква во себе.

Шминката дава и одредена енергија и информација за тоа како другите треба да нѐ
перципираат. Затоа според неа, треба да се прави внимателен избор на козметика и таа да е индивидуално прилагодена за секоја жена и секако да се избираат производи кои се повеќе на база на вода или природни билки. 

Дали шминката значи и статус?

Во минатото шминката и козметиката значеле статус. На пример во древен Египет, се користеле шминки само за фараоните. Ситуацијата се сменила во Средновековна Европа, кога шминката и козметиката станале подостапни за поголема група на луѓе, но онаа која била благородничка или живеела на кралските дворови. Во 19ти и 20ти век, шминката престанала да биде престиж, а се користела само во театарот, а ја користеле и жени со низок морал.

Денеска состојбите се целосно сменети со зголемената достапност на козметика, шминката станува средство за лична слобода и модерност, но и за социјално позиционирање. Жените што можеле да си дозволат квалитетна шминка, изгледале „модерно“, а тоа значело дека се градски, независни, и прогресивни.

М.С.К