Ќе нè врати во едно убаво време: Каролина Гочева најави нов албум со најубавите евергрини од златната ера на македонската музика
фото:facebook/AvalonProdukcija / printscreen
Конечно убава вест за македонската музичка сцена!
Каролина Гочева најави албум со најубавите евергрини од златната ера на македонската музика. Албумот е во соработка со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски, а на него се работело скоро две години.
„Генијалноста на Дуке која се проткајува аранжмански низ сите единаесет нумери преку композицискиот јазик и пијаното, совршениот вокал на Каролина и импровизациската моќ низ кларинетот на Исмаил, се идеална комбинација за уште едно одлично издание кое веруваме дека ќе предизвика огромен интерес кај сите љубители на овој жанр, но и за пошироката публика“ - соопштија од Авалон продукција.
Каролина откри и како звучи дел од првиот сингл, „Идила“, а за неколку дена ќе можеме да ја слушнеме и во целост.
Драги мои пријатели, мислам дека веќе можеме да си дозволиме да споделиме и по некоја убава вест - ја започна Каролина најавата за албум на Инстаграм и сподели кратко видео: