Ќерката на најпознатиот фитнес пар во Македонија е матурантка: Погледнете како изгледа Ангела Зафирова

Добивај вести на Viber

Ќерката на најпознатиот фитнес пар во Македонија, Тоше и Габи Зафирови, оваа година е матурантка.

Ангела од мала возраст тргна по стапките на нејзините родители, па и таа е тренер за млади ентузијасти, односно детски личен тренер.

„Среќна матура, моја фитнес девојко“, стои во описот на објавата на гордиот татко.

Матурантката е облечена во црн долг фустан со висок шлиц и гол грб, изгледот го надополнила со минимален накит.

Инаку уште на своја 15 годишна возраст Ангела започнува професионално да се занимава со фитнес. На 16 години го имаше првиот натпревар во Словенија на светско првенство во јуниор категорија и го освои првото и третото место во категоријата фитнес бикини.

Ангела, како и нејзините родители води здрав живот и има спортски навики, а веќе и 1 година активно работи како личен тренер.

Фото: Фејсбук
РЖМ