„Клекна на колена пред Соборниот храм и ме побара за жена“: Татјана и Новица ја слават љубовта, 22 години брак

Фолк пејачката Татјана Лазаревска и нејзиниот сопруг Новица, слават 22 години заеднички живот. Татјана објави заедничка фотографија со Новица на која напиша: „22 години заедно“.
Облечена во фустан во љубовна црвена боја, а Новица во црн костум позираат сè уште заљубено.
Парот како плод на нивната љубов ги имаат синовите Петар и Стефан со кои заедно веќе десет години живеат во Австралија.
Нивната љубовна приказна е поврзана со нивната работа. Сѐ започнало кога се запознале во еден скопски ресторан пред 29 години. Брзо потоа почнале заедничка соработка како „Биоритам“ и Татјана, а потоа се родила нивната љубов која траела неколку години, но со прекини.
Во 2002 година, Новица ја побарал Татјана за жена. Клекнал на колена пред Соборниот храм во Скопје, Татјана во една прилика ова го раскажа како навистина романтичен момент.