Кога ќе ја видат мојата лева нога, луѓето се згрозуваат: Мама била преплашена кога се родив, денес е моја најголема поддршка
Малтретирањето што го трпам на социјалните мрежи поради
мојата нога е неподносливо. И покрај тоа, горда сум на тоа како изгледам!
Ова го вели Махагони Гетер (23) од Тенеси. Махагони е родена со лимфедема, поради што троловите, вели таа, го претвораат нејзиниот живот во пекол.
- Луѓето ми велат да ја пресечам мојата лева нога, затоа што тогаш можеби ќе изгледам подобро. Тие ми велат дека сум деформирана и дека изгледам како шунка - вели таа.
- Долго време се чувствував очајно поради ногата. Сепак, како што стареам и наоѓам се поголема поддршка, станува полесно да се справам со троловите и нивните коментари - вели Махагони.
- Мајка ми е мојата најголемата инспирација и поддршка. Благодарение на неа, успеав да сфатам колку сум убава, однадвор и внатре. Таа била многу исплашена за мене кога бев бебе, а сега таа е мојата најголема поддршка. Сега сум во мисија да им докажам на другите кои не веруваат во себе дека се подеднакво убави - вели таа.
Лекарите и дијагностицирале на Махагони лимфедема веднаш по раѓањето. Во моментов нема лек за нејзината состојба, па таа се олеснува со тоа што оди на физиотерапевт и прави масажа. Таа вели дека нејзината нога во моментов тежи 45 килограми, а вкупната тежина и е 136 килограми.
ШТО Е ЛИМФЕДЕМА?
Лимфедема е прогресивно отекување на меѓуклеточното ткиво, одреден дел од телото, најчесто еден или повеќе екстремитети, трупот, главата, гениталиите, каде што лимфата се акумулира во меѓуклеточниот простор, бидејќи не може да се исцеди преку лимфната или венската циркулација. Тоа е тешка, хронична, прогресивна болест. Лимфедемот се карактеризира со абнормално висока концентрација на ткивни протеини, хронично воспаление, задебелување и лузни на поткожното ткиво и многу ретко се менува во лимфангиосаркомот.
Симптоми на лимфедема се: оток, чувство на исполнетост и тежина, затегнатост во зглобовите, мала непријатност со присуство на чувства на пецкање, кожата се згуснува, екстремитетот се стврднува, до појава на лимфореја и елефантијаза.
Фото: Инстаграм/lymph.goddess23
Moжеби ќе ве интересира:
Најтешка фаза на секоја болест: Зошто судбината нѐ избрала токму нас?