Кога Лепа Брена „ќе падне“ во раце на Марјан Петров тоа изгледа вака!

Добивај вести на Viber

Благодарение на талентираните раце на стилистот Марјан Петров, Лепа Брена блесна со посебен сјај на концертот синоќа во Охрид!

На социјалните мрежи, тој со гордост објави фотографии со познатата пејачка за време на средувањето, пишувајќи: „Една е Лепа Брена“ и емотикон срце.


На првата фотографија – Брена во удобно, бело бањарче и подготвена за финални подготовки. Веќе на втората – трансформирана дива, облечена во златен сјаен фустан, со совршено стилизирана коса и шминка, подготвена да ја освои сцената.


Марјан, кој важи за еден од најпознатите македонски шминкери и фризери, повторно покажа зошто токму нему му веруваат бројни ѕвезди. Брена изгледаше свежо, модерно и моќно – токму како што прилега на нејзиниот статус на балканска икона.


Комбинацијата на неговиот моден допир и харизмата на Брена направија вечерта во Охрид да биде не само музички спектакл, туку и визуелен празник.

На крај, Брена им се заблагодари на обожувателите, Македонија и Охрид.


ФОТО: Фејсбук - официјален профил Марјан Петров