Кој е број 1 меѓу македонските ѕвезди? Еве ја вистинската музичка кралица!

Добивај вести на Viber

Македонија отсекогаш била земја на таленти и емоции, но зад најдлабоките стихови, најмоќните рефрени и најзапаметените сцени, стојат жените кои ја изградиле македонската музичка историја. Тие не се само гласови – тие се институции. Од естрадата до народната сцена, од фестивалите во Скопје до оние во Атина, Загреб, Љубљана и дури Ереван – овие уметнички оставија неизбришлива трага.

Тие го променија звукот на една ера. Освојуваа златни и платинести награди, полнеа сали и стадиони, се натпреваруваа рамо до рамо со најдобрите на Балканот и Европа – и сето тоа го правеа со стил, со емоција, со искреност.

Од безвременската Калиопи, преку уникатната Каролина Гочева, моќната Тамара Тодевска, до харизматичната Елена Ристеска, македонската музичка сцена нема ниту една генерација што не пораснала со нивните песни.

Во продолжение, ги анализираме нивните кариери, албуми, награди и европски успеси – со факти и бројки кои само ја потврдуваат нивната статусна титула: најголеми женски музички ѕвезди на Македонија.

КАЛИОПИ

  • Жанрови: поп-рок, балади

  • Албуми: Над 10 студиски албуми (1986–2024), вклучувајќи дует со Edin Karamazov 

  • Само некои од наградите:

    • Journalist Award на Опатија ’85;

    • „Златна Бубамара“ – повеќекратно: Пејачка на годината (1999, 2001, 2002, 2004, 2010, 2012), Хит на годината, алфум на годината

    • Indexi Award (2009), BH Music Oscar (2010);

  • Познатост надвор од Македонија: интензивно учество во регионални фестивали, UNHCR амбасадорка; 

  • Евровизија: два пати; (третиот воедно прв беше преткфалификација)

  • Зошто е најдобра: Безвременски глас, композиторски талент, долгогодишно активна сцена Со симболични достигнувања во поширокиот балкански простор.

КАРОЛИНА ГОЧЕВА

  • Жанрови: поп, етно, рок, џез, дискo 

  • Албуми: 9 студиски (2000–2022), вклучувајќи етно серијата „Makedonsko Devojče“ (2008, 2014, 2022) 

  • Награди: повеќе „Златна бубамара“, „12 Veličestveni“, „Sunčane Skale“, ТВ Awards, Ice Index;

  • Евровизија: претставништво две пати – 2002 (19‑то место), 2007 (14‑то место, прва жена два пати) 

  • Регионален успех: настапи во Србија, БиХ, Хрватска, Црна Гора, „Sunčane Skale“, концерти ex-YU регионот и Австралија .

  • Зошто е најдобра: голем вокален опсег, жанровска флексибилност, културен амбасадор и најуспешна македонска поп-дива.

ЕЛЕНА РИСТЕСКА

  • Жанрови: поп, R&B

  • Албуми: 3 студиски (прв во 2003), 19 синглови 

  • Награди: Победничка на „Play – Search for a new star“, учество во Евровизија 2006 („Ninanajna“), 12‑то место во финалето 

  • Европски успех: најдобар македонски резултат пред Тамара во ЕВС 

  • Зошто е добра: сопствено авторство, пласман на Евровизија, R&B стил ретко застапен во Македонија.

ТАМАРА ТОДЕВСКА

  • Жанр: Поп, балади

  • Албуми: 2

    • „Сино“ 

    • Еден ден

    • Награди и синглови релевантни за Евровизија и фестивали. 

  • Евровизија:

    • 2008 – „Let Me Love You“ (со Vrčak & Adrian Gaxha), не се пласираа, иако беа 10‑ти по народно гласање 

    • 2019 – „Proud“ (7‑мо место финале), најдобар македонски резултат досега, победи од гласовите на жири 

  • Награди: MAKFest ’06, Skopje Fest ’07, фестивали во 2008, 2019, и мн. др. 

  • Зошто е важна: Првиот женски голем успех на Евровизија за Македонија, моќни балади, влијателна во родниот и регионалниот простор.

  • Н.Т