Колешки за пример: Со овој гест Лара и Лоба покажаа колку се почитуваат

Не е тајна дека на македонската естрада често има судир на суети и колеги кои поради разни причини не одржуваат пријателски односи и се гледаат меѓусебе како конкуренција.
Додека медиумите често објавуваат гласини и претпоставки за војни помеѓу естрадните личности и колеги, многумина беа фасцинирани од фотографијата која ја објави Лоба на својот Инстаграм профил позирајќи со својата помлада колешка Лара.
Лоба настапуваше на манифестацијата организирана во соработка со Кармен оркестар на Битола, а од амбинетот делеше видеа и фотографии со својата публика и на Инстаграм профилот.
Сепак, се чини дека највпечатлив момент беше токму оној кога во прегратки на својата помлада колешка, македонската пејачка Лара покажа колку ужива на оваа манифестација и токму во нејзино друштво.
Лара стана позната помеѓу македонската публика по хитот „Бела“ кој го сними во дует со својот колега, македонската млада музичка ѕвезда - Пајак.