КОНКУРЕНЦИЈА НА РАБОТНОТО МЕСТО: Ова ги плаши вработените или ги мотивира да бидат подобри?

Добивај вести на Viber

Психолозите советуваат дека конкуренцијата е здрава работа и дека доколку имате конкуренција на работното место, треба да си ја насочите енергијата како да бидете подобри, попродуктивни и покреативни. 

Ако веќе се прави споредба, таа да не носи негативни емоции, туку да помогне за личен раст и развој на личноста.

„Треба да гледаат од позитивен аспект на таа ситуација. Треба да бидат посвесни за својата работа, за обврските на тоа работно место. Зависи каде работат, да одат на обуки, да имаат пошироки познавања за работата која ја обавуваат. Најважно е да се работи на себеси, тоа зависи од самиот човек, од поединецот, а не од работното место“, вели Илдита Биљали, психолог.

Но, луѓето велат дека на работното место, новиот вработен другите го гледаат како конкуренција. Според нив, во пракса ова често не е мотив за личен раст и развој и подобрување на продуктивноста.

„Го гледаат новиот како конкуренција, а тешко дека ќе ги мотивира да бидат подобри“, рече Катерина Ангеловска, граѓанка.

Често луѓето на работното место се соочиле со саботажа.

„Во пракса слабо се оди на личен развој, туку повеќе имаме завист, љубомора и не знам како тоа да го објаснам. Луѓето сакаат со својата просечност и потпросечност да земаат плата. Немаат никаква мотивација“, додава Сања Р. граѓанка.

Една помлада девојка која скоро се вклучила на пазарот на трудот, вели дека во компаниите, колегите се гледаат како конкуренција.

Повеќе на ФАКТОР